ИСТОРИЈА И ВИЗИЈА
Краток преглед на шеесетгодишнината историја на дејност во Хавана La Bdeguita del Medio
Секое место поседува нешто по што може да се гордее или пак,во најмала рака,нешто по што ке се разликува од другите.Кубанската метропола Хавана,секако не отскокнува од ова правило,при тоа тешко да најдете локал во градот со толку многу долго и богато минато и со толку многу славни и познати гостикако што е La Bodeguita del Medio,во центарот на улицата Епедрадо,каде навистина се сплотуваат колонијалното минато и современиот живот.
Поради некоја непозната причина,се вели да La B del M е одалечена точно сто камења од тротоарот од најголемата зграда во Куба,Американската Барок зграда,која без сомнение има епитет на Хаванска катедрала.Во 1950 год.ресторанот La B del M.што на шпански отвараат барови и ресторани е најчесто на аголот на улицата што би значело “Паб на средината на улицата” прв пат ги отвори вратите на посетителите со адреса и број 207 Емпедрадо.Но многу од нас изборот на оваа локација би звучел логично,но сепак како и да е стратешко место каде се отвараат барови и ресторани е најчесто на аголот од улицата .
Кога би влегле за прв пат во La Bodeguita del Medio,она во Хавана,прво нешто што вашите сетила би забелзале,би била прекрасната арома на кубанскиот минт,додека вкусот на посебните билки очигледно би си поиграл со вашиот дигистивен систем.Така тие не раздвојни состојки станале основа на познатиот коктел Мохито,чија сто форма и фкус се развиени токму тука во La Bodeguita,Исто така гостите имаат прилика да ја вкусат и автетичноста,одличната кубанска храна,во исто време узивајќ во звукот на одличните традиционални кубански мелодии
Да се навратиме сега на војната на дваесеттиот век,поточно 1942год,кога човекот по име Ангел Мартинез Борото,воден од својата интуиција купува мала продавничка во стариот дел на градот.Набаргу,со самото развиванје на бизнисот Мартинез почнива да менаџира и развива своја мала компанија со име La Kaza Martinez.
Набргу потоа Филито Авон,човек со слични особини како Мартинез,во неговата близина отвара печатница.За извесно време,не постоела телефонска линија па често муштерите доагале во Bodeguita преку чашка или две рум разговарајки за бизнисот.
Едни од тие чести посетители,кои во тоа време доагале во Bodeguita, биле и кубанскиот поет Нколас Гуилен,како и реномираниод писател Алехо Карпетиер.Со време Bodegita успеала да се здобие со импресивна клиентела,мегу кои и се наогале и уметници,глумци, интернационалци со еден збор боеми па така Bodeguita почнала полека да се развива во место на прогресивни интелектуални идеи како од Латинска Америка така и од сите страни на светот.
На почетокот, гостите најповеќе време поминувале на бар пиејќи, меѓутоа покасно гостите особено оние кои биле пријатели на Мартинез можеле да порачуваат и храна седејќ и на маса ,начелно храната била за припадниците на семејството , како и за ретките вработени и била приготвувана од сопругата на Мартинез која поради темниот тен ја нарекувале ерменка. Во тоа време, главните состојки биле црн грав и бел ориз, која што комбинација била нарекувана Маори и Христијани, или едноставно Конгри. За крај на гостите им се сервирало печено свинско наречено Масас де пуерко фритас или пак пржена банана чипс и мали банана палачинки нарекувани Тостанс де платнау.
Мартинез навистина бил посветен на задоволувањето на потребите на своите најдоверливи муштерии при што започнал редовно да служи храна, и покрај тоа што гостите плаќале само за своите пијалоци.
Во 1950 година името на фирмата на Мартинез било променето од Ла Каза Мартинез во Ла Бодегита дел Медио, име кое ќе го користат гостите подолго време. Во таа декада во Хавана почнуваат да доаѓаат посетители од сите страни на светот, како Нет Кинг Кол, писателот Ернест Хемингвеј, актерите Спенсер Траси и Ерол Флин и други кои стануваат редовнипосетители на Бодегита. Заедно со интелектуален бран, овие имиња стануваат поим и атракција за постојан раст на посветените гости на Бодегита.
Денес Ла Бодегита дел Медио претставува еден незаборавен потсетник на боемското минато, каде луѓето, без разлика дали се интелектуалци, писатели или само на поминување продолжуваат да се сретнуваат.
Иато така многу посетители на Бодегита она во 19-от век веруваат дека колекцијата на потписи, спомени, фотографии и натписи кои се на нејзините зидови со сигурност заслужуваат да влезат во гинисовата книга на рекорди ..............
-ИСТОРИЈА НА МОХИТОТО-
Моето Мохито во Ла Бодегуита,
Моето Дакуири во Ел Флоридита....
Е.Хемингвеј
На почетокот на 18-тиот век, веќе започнувале да се шират гласини за одредена ферментација на нектар, со која можело да се објасни невообичаеното однесување и ефект кај луѓето, исто како да е огнена вода.
Во тоа време отецот Жан Батиста Лабат, голем патник и пронаоѓач на оцетната дестилација, патувал и ги проучувал таканаречените Дивјаци од црната раса и нивниот начин на производство на ефтин, јак и остар пијалок, направен од сокот на шеќерната трска при што бил нарекуван Тафија, јак и ефтин ликер кои им овозможувал на луѓето да побегнат од досадната и сурова реалност на секојдневниот живот.
Според записите на новинарот Г.Кампоамор ова таканаречено наследство е пренесувано од генерација на генерација. Самиот пијалок претходникот на румот им давал сила и храброст на војниците во битките, додека од другата страна давајќи им на другите издржливост и кондиција за време на оргиите и другите настани. Пијалокот исто така бил лек за рани и главоболка. За неговото појавување во Европа главна одговорност им припаѓа на Хаукингс, Дејвид Морген и Дрејк, чија дејност била транспортот на алкохол преку Антилеанското море.
30 години подоцна, сер Францис Дрејк е прогласен за витез на Обединетото Кралство од страна на кралицата на Велика Британија, и при неговото враќање од пат околу светот, успеала да скрие соодветно богатство, кое според истражувањата на историчарот Фернард Г. Компоамор, криело и некој лек од алкохол и лимон. Ова комбинација тој успеал да ја состави победнички рецепт за коктел, создаден за жешката кубанска клима и идеален за забави и прослави при што ја задржува титулата за најомилен коктел се до 19-тиот век.
Потеколото на зборот „коктел“ всушост доаѓа од двата посебни збора „кок (cook)“ и „тел (tail)“, кои според Хектор Зумбад би претставувале хипотеза, наведување, фантазија и легенди.
Според историчарите пак англиските морнари пиеле шокантен микс на рум вино и ликер, кој го нарекувале Дракс, во чест на Францис Дрејк.
Во новелата на Рамон Палма, Колера во Хавана, во која се зборува за колонијалните времиња на Куба во 19-тиот век, авторот обработуба лик којизјавува: Јас секогаш ги пиев моите Дракси во 11 часот наутро што ме одржуваа во одлична форма во текот на целиот ден.
Се ова секако се има случено во времето на славното Мохито кога румот станува еден од главните алкохолни пијалоци. Од 1910 година славниот истажувач Мигел Бонерас раскажува за коктелот Мохито иако тој не се појавува во книгата на коктели обајвена во 1927 година . Триумфалното деби пијалокот Мохито го доживува во Ла Бодегуита дел Медио.
Сепак точното потекло останува нејасно. Многумина би кажале дека коктелот е продук на општата човечка мудрост, додека сепак постои можност трагата да носи се до кубанската традиција на мешањето на пијалоците со вода, поради разладување. Името Мохито се сретнува исто така и кај јадење од свинско месо и сокови од диви портокали и лук.